(ФОТО) НАЈПОЗНАТИ ЗНАМЕНИТОСТИ – Туристите ги обожаваат, а мештаните не поднесуваат

И’ додека туристите со отворени очи ги апсорбираат најголемите знаменитости во светот, локалното население се ужаснува од самата помисла на нив
Кога ќе посетите некоја земја за прв пат, несомнено сте се едуцирале и сте подготвени да посетите некои од најголемите знаменитости по кои таа дестинација е позната. Оти ​​како можеш да си во Париз и да не се сликаш пред Ајфеловата кула или да го напуштиш Рим без слика од Колосеум?
Но, некои од овие атракции и знаменитости локалното население не може да ги поднесе. Не затоа што не се убави, напротив, туку поради гужвите што ги создаваат туристите, превисоките цени и според многумина извиканоста на тие места.

Ова е приказна за атракции кои туристите ги обожаваат, а мештаните малку ги мразат.


Тајмс Сквер, Њујорк
Еден од најпознатите мотиви на „градот кој никогаш не спие“ е овој плоштад полн со светлечки реклами, продавници, улични забавувачи, настани на отворено… Пред пандемијата, годишно го посетувале околу 50. милиони туристи, а плоштадот бил една од најпосетуваните атракции во Њујорк, но и целите Соединетите Американски Држави.

View this post on Instagram

A post shared by Zach Bryan (@zachlanebryan)



Но, додека туристите со отворени очи ги апсорбираат сите овие бои, звуци и ефекти околу себе, локалните жители се плашат од гужви на плоштадот, високите цени, луѓе во костими кои бараат пари за сликање… Тие претпочитаат да посетуваат помалку популарни плоштади и да се дружат на помалку познати места кои не се полни со туристи.

Сината лагуна, Исланд
Сината лагуна е една од најпопуларните туристички атракции на Исланд, која годишно пред пандемијата ја посетувале околу 1,2 милиони туристи. За споредба, целата држава има околу 338.000 жители.

И’ додека туристите се фотографираат во нежно сината вода како задолжителен спомен од овој остров, локалните жители се свесни дека поради гужвите, тоа во реалноста изгледа сосема поинаку.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …