(ВИДЕО) Дедо им се спротивставил на руски војници: !И јас сум Русин, што правите вие ​​овде?“

На социјалните мрежи е објавено видео во кое се тврди дека на него се гледа дедо додека вербално се соочува со руски војници во Мелитопол, Украина.
Ова е регионот Запорожје во северна Украина. Видеото го објавил турскиот репортер Рагип Сојлу, а репортерите на британскиот весник Guardian оцениле дека станува збор за автентична снимка.
Меѓу другото, дедото им рекол дека и тој е Русин и ги прашал зошто воопшто дошле во Украина.
„Русите кои ја напаѓаат Украина се толку големи се***вци. Што правите вие овде? Ние имаме наш живот, вие имате свој. Јас сум Русин и живеам во оваа земја. Вие имате своја држава, а ние наша. Немате ли проблеми во вашата земја? Дали сте сите богати таму? Срамете се“, им порачал дедото.

Во тек е третиот ден од рускиот напад на Украина, а борбите се водат и во Киев. Западот им помага на Украинците финансиски и воено, но нема намера да ангажира свои војници во оваа земја. Има и остри санкции против Русија.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја отфрли понудата на Соединетите Американски Држави да му помогнат во евакуацијата од Украина и рекол дека не му треба транспорт, туку оружје. Тој уверува дека ќе остане во земјата. Според него, тој бил означен како непријател број еден, а неговото семејство било означено како непријател број два.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …