(ФОТО) Неверојатна приказна: 25. годишна жена по природен пат родила седморка

25. годишна жена во една болница во Ирак, по природен пат родила седморка. Шесте девојчиња и едно момче се во одлична состојба, добро здравје и добро напредуваат, известиле ирачките медиуми.
Станува збор за прва седморка во оваа земја што населението го дочекало со воодушевување.


Минатата година една жена во Либанон родила шесторки, три девојчиња и три момчиња.
„Сопругата и јас не размислувавме за проширување на семејството бидејќи имавме четири деца, а сега се десет“, изјавил гордиот татко Јусуф Фадл од Либанон.
Уште една неверојатна приказна се случила минатото лето кога 31. годишната Сиан Вилијамс и нејзиниот партнер Аарон Палфеј станале родители на идентични тројки, девојчињата Џорди, Оливија и Бела.
„Лекарите ни рекоа дека се еднакви, а шансите тоа да се случи без било какви медицински интервенции се еден наспрема 200. милиони. Останавме без зборови“, изјавила Сиан која на девојчињата веднаш по раѓањето почнала ноктите на нозете да им ги лакира во различни бои за да може да ги разликува.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …