(ВИДЕО) Се бори со витилиго а станала ѕвезда на престижен магазин

Манекенката Вини Харлоу позирала за Sports Illustrated Swimsuit. Иако многумина и говореле дека нема да успее, таа го докажала спротивното. Вели дека ова е стварување на нејзиниот сон.
Новиот број на списанието Sports Illustrated Swimsuit донесува серија предизвикувачки костуми за капење. Инаку, Харлоу веќе работела за познати имиња од светот на модата, како што се Марк Џејкобс, Коач, Мошино, Сесигуал, Најк, Томи Хилфингер и Викторија Сикрет.
„Да се позира за Sports Illustrated Swimsuit е остварување на моите соништа“, рекла манекенката Вини.


View this post on Instagram

First look from @winnieharlow’s #SISwim 2019 fitting, and we’re clearly off to a 🔥 start. • • • @grandisleresort #grandisleresortexuma


A post shared by Sports Illustrated Swimsuit (@si_swimsuit) on


Фотографиите со оваа убава Канаѓанка се снимени на Бахамите и се објавени на профилот на списанеито на Инстаграм, а ќе останат запамтени по тоа што првпат за едно такво списание позира девојка со, како што напишале, видливо „несовршена кожа“.

Вини боледува од таканареченото витилиго, состојба која предизвикува депигментација на делови на кожата, а која се случува кога меланоцитите,клетки кои се одговорни за пигментацијата на кожата, ќе изумрат или остарат и станат нестабилни за функционирање.

Костумот за капење кој го носи малку и остава на фантазијата, а на една фотографија Вини е прекриена само со паре со златна боја под кое е гола. Фактот дека носи костуми за капење за Sports Illustrated Swimsuit, како што пишува Daily Mail, е голема пофалба на нејзината досегашна работа, но и нејзината личност, бидејќи со време станала заштитно лице за витилиго и непрекинато работи на тоа околината подобро да ја прифати оваа кожна болест.

Инаку, причината за витилиго е непозната, но истражувањата покажуваат дека веројатно станува збор за автоимунолошко пореметување во кое телото „по грешка“ ги напаѓа своите клетки.

Фото и видео: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …