(ФОТО) Необична приказна: 98-годишна жена се вселува во дом за старци за да се грижи за нејзиниот 80-годишен син

Нема ништо посилно од љубовта помеѓу мајката и нејзиното дете, а оваа приказна е одличен пример за тоа. 98.годишната Ејда Китинг му се придружила на најстариот син, 80.годишниот Том, во дом за старци во Ливерпул за да се грижи за него и тие одлично се сложуваат!
Ејда и нејзиниот починат сопруг Хери имале четири деца: Том, Барбара, Марги и Џенет, која починала на 13. години. Пред да се пензионира, Том работел како сликар и декоратер. Тој во 2016. година се вселил во дом за старци, затоа што му требало повеќе грижа.
Ејда и син и’ се неразделни и обожуваат да поминуваат време заедно. Тие играат друштвени игри и гледаат ТВ серии.
„Му посакувам добра ноќ на Том секоја вечер, а наредниот ден не заборавам да му кажам ’добро утро’. Кога одам на фризер, тој ме бара за да види кога ќе се вратам назад. Кога се враќам, тој ме пречекува со испружени раце за да ми даде силна прегратка“, изјавила Ејда.
И Том е задоволен од неговиот живот.
„Вработените се многу добри тука и среќен сум што можам повеќе да ја гледам мајка ми, сега откако почна да живее во домот. Таа навистина знае како да се грижи за мене. Понекогаш ми вели ’Внимавај како се однесуваш!’“, открил Том.
Сите во домот се трогнати од блиската врска помеѓу мајката и синот.
„Прекрасно е да се сведочи на блиската врска помеѓу Том и Ејди и среќни сме што можеме да им ги исполниме потребите на обајцата. Голема реткост е мајките и нивните деца да бидат сместени во истиот дом за старци и ние даваме се’ од себе за да им го направиме престојот што е можно попосебен и попријатен“, изјавил Филип Даниелс, менаџерот на домот.
Како што вели Ејда: „Никогаш нема да престанам да бидам мајка“.
Една е мајка, се согласувате?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …