(ВИДЕО+ФОТО) Скарлет Јохансон дознала за трагичното семејно минато: “Си ветив дека нема да плачам, но…”


Гостувајќи во емисија на ПБС, “Finding Your Roots”, која се занимава со проучување на семејното стебло, американската глумица, Скарлет Јохансон не можела да ги воздржи солзите откако прочитала како нејзините членови од семејството умреле за време на Втората Светска Војна во варшавското гето.
Во оваа емисија славните лица откриваат за своите предци, а актерката е само уште една од нив која не можела да ги потисне емоциите кога ги читала документите во кои пишувало како братот на нејзиниот прадедо и останати членови од смејството ги изгубиле своите животи. Историчарот Хенри Луис Гејтс и’ помогнал да ги дознае деталите.

“Си ветив дека нема да плачам, но ова е тешко сознание”, вели глумицата. “Тоа е страшно…не можам ни да замислам низ што сè поминале…надреално е. Сега ми е јасно зошто на масата се оставени марамчиња”, изјавила низ солзи Скарлет.
Прадедото на глумицата работел како продавач во Њујорк. Со заминувањето во САД успеал да ги одбегне прогонувањата, но семејството на неговиот брат исчезнало во нацистичкото гето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На 43 години, и три родени деца, изгледа како ДЕВОЈКА: Ја сметаат за СОВРШЕНО УБАВА, но многумина не знаат дека е ОД ЕВРОПСКО ПОТЕКЛО

– Омилената партнерка во двојки на Новак Ѓоковиќ импресионирала со својата природна убавина – На …