Се чини дека годинешна дестинација за годишен одмор на славните е Капри во Италија…Џенифер Анистон, Адам Сандлер, Хју Џекмен…а сега и Џенифер опез со своето момче, Алекс Родригез, е на Капри…додуша на јахта, но тука…до местото на славните
Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез се на годишен одмор во Италија. Отпатувале на Капри, од каде што Џеј Ло објави фотографија на која покажува дека уживаат во одморот.
На фотографијата, вниманието го привлекува нивниот аутфит. Заљубениот пар се одлучил за иста комбинација на бои, односно двајцата носат модни комбинации во бела боја.
Алекс носи бела блуза и бели панталони, со кои искомбинирал кафени патики и големи очила за сонце. Џенифер, пак, можеби затоа што се наоѓа во Италија, облекла бел чипкан фустан, на кој горниот дел е корсет, додека во долниот дел се работи за широка миди-здолниште.
Поради формата и чипката, овој фустан многу потсетува на Италија, а и моделите кои ги носи таму, потсетуваат на Софија Лорен.