(ФОТО) Ѕвездата на “Пријатели” итно оперирана: Лекарите во последен момент му го спасиле животот…

Најмногу имав проблем со пиењето и со опијатите. Мислам дека бев многу добар во прикривањето, но на крајот луѓето сфатија…
Ѕвездата на ТВ серијата “Пријатели” закрепнува по сериозната операција која била изведена во болница во Лос Ангелес. Како што пренесуваат медиумите, познатиот актер Метју Пери бил итно опериран поради проблеми со дебелото црево.


Портпаролот на актерот се обратил до јавноста по операцијата и изјавил дека Метју се чувствува добро и замолил за мала приватност во текот на неговото закрепнување. Пери признал дека се борел со зависностите во поголемиот дел од својата кариера, особено во периодот на снимањето на серијата каде се појавува во улога на Чендлер Бинг.


Актерот неколку пати бил на рехабилитација, а во 2015, година дури и се пошегувал дека е „алкохоличар со награда” откако добил почесна награда од една призната анти-алкохоличарска група.
Од 1997. до 2001. година Пери се лекувал од зависност од викодин, метадон, амфетамини и алкохол.


„Најмногу имав проблем со пиењето и со опијатите. Мислам дека бев многу добар во прикривањето, но на крајот луѓето сфатија. Беше страшно за гледање. Бев болен човек”, изјавил Пери во една прилика за телевизиската мрежа ABC.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …