(ФОТО) Најубавото дете на Холивуд: Славната двојка на прошетка со ќерката

Новопечените родители, холивудската ѕвезда Бредли Купер и руската манекенка Ирина Шајк, сончевиот ден го минале во прошетка со петмесечната ќеркичка Леа, во потрага по тиква за Halloween…
Во прошетката со ќеркичката Леа де Сеин, двојката го повела и нивниот домашен миленик, а тргнале во потрага по тиква на пазарот во Морпарк.
Убавата мајка, руската манекенка Ирина Шајк изгледала занесно и во вака лежерно издание, а за семејната прошетка облекла тесен црн фустан со кој носела трендовски комбат чевли и карирана фланел кошула безгрижно стегната околу струкот. Славниот 42. годишен оскаровец ќерката ја носел во носач овозможувајќи и слобода на движењата.

                                        Бредли Купер и Ирина Шајк во прошетка со ќерката


Танствената двојка скоро никогаш на јавноста не и ги открива деталите од приватниот живот, а ретки се моментите кога со ќерката, која многумина ја нарекле најубавото дете на Холивуд, излегуваат во јавност.
Откако станале родители на малечката Леа, Ирина Шајк и Бредли Купер својата интима ја чуваат подалеку од очите на јавноста, а славниот глумец го чекаат бројни деловни обврски. Го чекаат промоциите на филмовите „Avengers: Infinity War“ и „A Star is Born“ во кој глуми со Лејди Гага.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …