(ФОТО) Најстарата ќерка на Путин се развела пред војната во Украина а и пропаднал и нејзиниот вносен бизнис

Војната во Украина ги уништи надежите на најстарата ќерка на Путин, Марија Воронцова, која ја доби од бракот со поранешната прва дама на Русија, Људмила Шкребнева, тврдат странските медиуми.
Имено, Марија, која е специјалист во областа на генетските болести кај децата, имала план да отвори елитен медицински центар за „супербогатите странци во Русија“, а сега се’ пропаднало.
Овие тврдења ги изнел Сергеј Канев, прогонет руски новинар на истражувачкото новинарство.
„Има голем удел во мегапроектот за изградба на модерен медицински центар во близина на Санкт Петербург. Плановите беа да привлече пациенти од Европа и богати луѓе од земјите од Персискиот Залив. Но, сега, по нападот на Украина, како Европејците и богатите ќе дојдат?“, објавија странските медиуми.

Исто така, рускиот новинар Роман Доброхотов истакнал дека освен планот за медицинскиот центар, се распаднал и бракот на Марија.


View this post on Instagram

A post shared by Vizaca (@vizacamagazine)


Имено, Воронцова наводно се развела од сопругот, холандскиот претприемач Јорит Фасен. Иако деталите за разделбата не се откриени, се верува дека тоа се случило пред почетокот на војната. Фасен долго време работел во Русија во Гаспромбанк Инвест и Стројтрансгас, а се верува дека неговиот татко бил полковник во холандските вооружени сили. Има и деца со Марија, а со самото тоа Путин има внуци.


Оженет сум со Русинка и имаме деца, ќе останам на тоа“, изјавил еднаш зетот на Путин.

Марија, која се криела под презимето на нејзината баба како Воронцова, а досега и Фасен, е водечки лекар во Националниот медицински истражувачки центар за ендокринологија на Министерството за здравство на Русија.
Минатата година била интервјуирана кога зборувала за напорите на Русија во борбата против ретките генетски болести кај децата, а не било откриено дека е ќерка на Путин.
Ова не е воопшто чудно, бидејќи Путин ретко зборува за неговите лични врски и се обидува да држи сè во тајност.
Тој еднаш во изјава за новинар на Би-Би-Си рекол дека имањето ќерки е „јавна тајна“, одбивајќи јавно да го потврди тоа.
„Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Тоа мора да се почитува“, рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …