На службените профили на кралското смеејство се појавиле нови фотографии од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со децата.
Целото семејство денот го минало на изложбата на цвеќе во организација на Кралското друштво за хортикултура, на која Кејт Мидлтон и ја отворило својата бавча.
Принцот Џорџ, принцезата Шарлота и принцот Луис тркчале по бавчата и си играле во природа, а нивните фотографии ги воодушевиле фановите на кралското семејство.
Посебно внимание привлекол најмладиот принц Луис, кој не престанувал да трчка и да се смее.
Кралското семејство во објавите открило дека младите принцови и принцезата и помагала на мама Кејт во уредувањето на бавчата.
„Вљубена сум во овие фотографии, Луис го украде моето срце“, „Прекрасен е, целото смеејство е многу фотогенично“, „Се чини дека Џорџ и Шарлот одлично се согласуваат, баш ми е драго поради тоа“, „Фотографијата на Луис и Вилијам е чудо“, биле само некои од коментарите.