(ФОТО) Најбаран фустан за лето 2020: Удобен, елегантен, шик!

Откако пред неколку дена го облекла Меган Маркл побарувачката се зголемила за 200 проценти!
Белите летни фустани од лен се модна класика која никогаш нема да излезе од мода, а откако Меган Маркл неодамна се појави во еден од нив, според податоците на модната платформа Lyst, побарувачката за него скокнала за дури 233 проценти!


Со миди ленениот фустан таа носела балетанки од американскиот бренд Сем Еделман, кој исто така се проби на списокот на најбараните модни поими, како и сламен шешир на Џенис Леоне, која ја носеше во таа пригода.
Ленот е идеален материјал за лето, пријатен и прозрачен. Во поблеката од лен, кожа дише затоа што е природен материјал, што значи дека помалку се потиме во него. Ленените фустани, дури и во бела боја, кои се помалку привлечни за сонцето, се наметнуваат како совршен избор во текот на летото.
Единствениот недостаток е што ленот лесно се тутка, но ние ќе продолжиме на тоа да гледаме како дел од нејзиниот шарм. Ленот не треба да биде совршено пеглан, а кога е малку стуткан, тој е помек, помнежен за кожата и попријатен за носење.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …