(ФОТО) Надбискупот кој ги венчал Меган и Хари ги разоткрил сите лаги кои ги кажале во интервјуто на Опра

Архиепископот од Кантербери потврдил дека Меган Маркл и принцот Хари не биле законски венчани во нивната градина три дена пред кралската венчавка.
Меган и рече на Опра Винфри за време на интервјуто, кое крена многу прашина, дека парот се венчал во задниот двор пред раскошната церемонија во замокот Виндзор на 19. мај 2018. година, но според надбискупот Џастин Велби, тоа не е точно.
Војвотката од Сасекс и кажа на Опра дека само таа, Хари и Велби биле присутни, додека Хари додал: „Само ние тројцата“.
Архиепископот Велби, пак, за „Ла Република“ изјавил дека венчавката, на која присуствуваа милиони луѓе ширум светот, била вистинска. Тој рекол дека имал неколку средби со двојката пред венчавката, но додал дека правната церемонија била во саботата.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


„Потпишав потврда за брак што е правен документ и ако потпишав нешто за што бев сигурен дека е лажно, ќе сторев кривично дело“, рекол тој. “Можете да сфатите како што сакате, но законската венчавка се случи во саботата. Но, јас нема да откривам што се случило на другите состаноци”, додал тој.


Поранешниот вработен во Архиепископијата, Стивен Бортон, претходно коментирал за „Сан“ дека „Меган очигледно е збунета и дезинформирана“.
Според законот, бракот не може да важи без присуство на најмалку двајца сведоци. Копија од официјалниот сертификат за венчавка потврдува дека вистинската церемонија се случила на 19. мај во Виндзор.

Хари и Меган се венчаа пред 600. гости на свадба за која се проценува дека чинела 58. милиони долари.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …