ДОНА Д’ЕРИКО се прослави со улогата на Дона Марко во Baywatch, американската серија која „жареше и палеше“ во 90-тите. Актерката сега има 54. години и се уште изгледа феноменално.
View this post on Instagram
Иако поминаа 33. години од емитувањето на серијата, таа не изгледа како да остарела ниту еден ден, освен што во меѓувреме станалс бринета.
View this post on Instagram
„Престара си за бикини“
Актерката не ја крие тајната на својот изглед. Таа отворено зборувала дека ќе направи пластична операција за да ја врати фигурата на Baywatch и да ги отстрани знаците на старост.
Нејзиното неодамнешно видео во бикини со мотив на американско знаме предизвика бурни реакции кај обожавателите кои ја критикуваа дека е престара за бикини, а актерката одговори со нова фотографија во уште попредизвикувачко издание.
View this post on Instagram
„Многу жени се пожалија на моето видео во кое ми кажуваат дека мислеле дека имам повеќе стил, дека сум премногу стара за бикини и очајна. Ќе ви кажам нешто што може да ве изненади. Можам да носам и да правам што и да посакам. Инаку, ова сум јас во бикини чучнувајќи на маса“, објавила актерката на својот Инстаграм профил.
Фото: Принтскрин/Instagram