(ФОТО) На татко му се слошило додека неговата сопруга се пораѓала, фотографијата стана вирална

Породувањето не е лесно за мајките, но ниту за некои татковци. Во тоа се уверила холандската фотографка Моник Вербек, која присуствувала на стотици породувања за да им фотографира на родителите кои ја ангажирале за да го одбележат најголемиот ден во нивните животи. Но, таа не очекувала дека еден татко ќе се онесвести од екстремен стрес.
„Породувањето е подеднакво возбудливо за татковците како и за мајките. Додека мама ги прави тешките работи, тато исто така мора да го контролира својот здив. Понекогаш едноставно станува премногу возбудливо. Колку голема среќа е што ме ангажираа“, напишала таа на Инстаграм покрај виралните фотографии на тато што лежи на подот од породилната сала со нозете во воздух и ладна облога на челото.

Таткото, наводно, се освестил по извесно време, а лекарите со неговиот пример ги предупредиле идните татковци дека е многу важно да јадат пред да влезат во родилната сала.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …