ТИЕ СЕ „ГНИЛИ БОГАТАШИ“, А НА ДЕЦАТА НЕМА ДА ИМ ОСТАВАТ НИТУ ПАРА: Не сакаат да си го уништат животот со МИЛИОНИ кои САМО им паднале од небо

Некои од најбогатите луѓе во светот не сакаат да остават милиони долари како наследство на своите деца, бидејќи веруваат дека тоа ќе им нанесе повеќе штета отколку корист.
Така американската кантавторка и успешна претприемачка Мери Осмонд решила да ги „отфрли“ своите седум деца. Осмонд се прослави на Бродвеј, изгради респектабилна пејачка кариера, го водеше естрадното шоу „Donny & Marie“ со нејзиниот брат Доналд Осмонд, беше и ко-водител на телевизиското шоу „The Talk“ и заработи најмногу од нејзиното богатство (околу 20 милиони долари) создавајќи линија на детски кукли, линии на машини за везење и шиење.

This image has an empty alt attribute; its file name is meri-osmond.jpg


„Искрено, зошто би му оневозможиле на вашето дете да се обиде да биде некој? Не познавам никој што станал било што во животот ако само му дадете пари“, ја објаснила својата одлука Осмонд во неодамнешното интервју за Us Weekly.
„Мислам дека наследството ги прави децата пасивни и мрзливи. Напорно работев и сето тоа ќе го потрошам, ќе се забавувам со сопругот. Мислам дека им правиме голема штета на нашите деца давајќи им богатство бидејќи им го одземаме најважниот подарок што можеш да им го дадеш, а тоа е способност за работа“, изјавила еднаш Осмонд, чиј син Мајкл изврши самоубиство во 2010 година на 18-годишна возраст, а наводно бил зависник од дрога.

View this post on Instagram

A post shared by Marie Osmond (@marieosmond)


Таа додала дека во богатите семејства често наидува на ситуација децата да не знаат што да прават и затоа запаѓаат во неволја. „Сакам моите деца да се гордеат со заработеното. Мојот имот ќе го дадам во добротворни цели“, рекла Озмонд.


Слично размислува и холивудскиот пар Ештон Качер и Мила Кунис. Тој е „тежок“ 200 милиони долари, таа има 75, но тие милиони не планираат да им ги препуштат на своите деца, откриле во подкастот „Armchair Expert“ на Дакс Шепард.

This image has an empty alt attribute; its file name is mila-kunis-i-eston-kacer.jpg

„Ние не создаваме богатство за децата, а по нашата смрт парите ќе ги дадеме во добротворни цели или за разни други работи. Ако нашите деца сакаат да започнат бизнис и да ни покажат добар бизнис план, ќе инвестираме во него, но тие нема да ги добијат парите само така“, објаснил Качер.

Британскиот актер Даниел Крег има две ќерки, едната од бракот со актерката Фиона Лаудон, а другата од бракот со Рејчел Вајс, но не планира да им остави пари иако неговото богатство се проценува на 160 милиони долари. Ќе плати за нивното врвно образование за да можат сами да ги заработат парите бидејќи ја презира идејата за наследство и верува дека секој треба да потроши се што ќе заработи во својот живот.

This image has an empty alt attribute; its file name is daniel-kreg.jpg

Музичкиот магнат Сајмон Кауел е дел од холивудскиот „нов бран“ родители кои не сакаат да ги уништат животите на своите деца со милиони долари „паднати од небо. Тој тврди дека децата треба да се сакаат, да поминувате што повеќе време со нив, па своите 600 милиони долари повеќе би сакал да ги донира на хуманитарни здруженија за помош на децата и животните.

This image has an empty alt attribute; its file name is sajmon-kauel.jpg

Сопругата на основачот на Apple, покојниот Стив Џобс, Лорејн Пауел Џобс смета дека светот се менува со инвестирање во стартапи и компании со потенцијал да направат конкретна промена во создавањето на подобар свет, па наследените 11,5 милијарди долари нема да да бидат поделени меѓу нивните три деца: ќерките Ерин и Ив, синот Собс бидејќи и Стив би го сакал тоа.

This image has an empty alt attribute; its file name is loren-pauel-jobs.jpg

Џобс има ќерка од поранешна врска, Лиза Бренан Џобс, која го докажа своето татковство на суд и законски има право на дел од наследството на неговиот татко. Меѓутоа, во интервју за „The New York Times “ изјавила дека својот дел ќе го донира во добротворни цели.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …