(ФОТО) На гробишта најдено 3. годишно, напуштено, дете: Добрите луѓе му ја вратиле насмевката на лицето

ТРИ ГОДИШНО момче кое било пронајдено напуштено на гробишта, со своето куче, два дена пред Божик, заедницата во соработка со полицијата му ја вратила насмевката на лицето со бројни подароци што ги собрале за него.
Заедницата во Охајо се кренала на нозе откако на 23. декември било објавено дека полицијата пронашла 3-годишно момче. Сведокот и рекол на полицијата дека забележала момче, идентификувано како Тони, како трча по синиот автомобил додека возилото се оддалечувало од гробиштата, пренесува Fox News.
Тони е сместен со згрижувачко семејство во областа Медина. Истражителите ги пронашле неговите родители, а центарот рекол дека таткото бил „многу кооперативен“.
Таткото на момчето повикал полиција откако член на поширокото семејство видел фотографија од неговиот син објавена од локалните медиуми и го известил. Тој им рекол на истражителите дека момчето било со неговата мајка во времето кога бил напуштен.
Таткото и полицијата на Тони се вратиле на гробиштата и го фатиле кучето. Не е поднесена пријава против мајката на момчето.
Приказната за момчето ги скрши срцата на луѓето и многумина веднаш решиле да го развеселат момчето барем малку со подароци. Полицијата објавила фотографија од собраните подароци на Фејсбук и и’ се заблагодарила на заедницата.


Foto: Hinckley Police Department

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …