(ФОТО) МОДНА ЕСЕН – Најпосакувани модели во сечија гардероба: Овие здолништа сите ги сакаат!

Овие три модели се одлична инвестиција оваа есен. Со ваквите здолништа, секој стајлинг ќе изгледа интересно, а она што е најдобро е дека можат да се комбинираат со многу работи и чевли, а одлично се вклопуваат во секој стил.
Маици, дуксери, кошули, сакоа и кожни јакни – сè изгледа одлично, а на вас останува да си поиграте и да бидете креативни во создавањето на аутфити.
Кожно здолниште
По големиот успех на кожните хеланки и панталони, на ред дојдоа и здолништата од овој материјал. Најкласичното тесно здолниште од кожа само по себе изгледа ефектно, а може да изгледа феноменално дури и со обична бела маичка. Дури ни Меган Маркл не му одолеала на овој тренд.


Плисирано здолниште

Овој модел на здолниште освои многу дами уште на почетокот на пролетта, а вам ви преостанува да изберете едно во вашата омилена боја и да уживате во комбинирањето.

Здолниште со тил
Многу интересен модел кој брзо ги освои срцата на многу дами. На прв поглед, здолништето со тил е многу романтично парче гардероба кое може да се носи на многу начини. Бајкерските чизми одлично се вклопуваат со ваквиот крој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк на „Генералка викенд“ – за почиста животна средина во Битола

Бимилк се вклучи во најмасовната еко акција „Генералка викенд“. Повеќе од 110 вработени на Битолска …