(ФОТО) ЖИВОТОТ Е ТРКАЛО: Бил сопственик на „Порше“ и 12. куќи, а потоа преку ноќ изгубил сè: „Имав пари и мислев дека тоа никогаш нема да се смени“

„Верувам дека ваквите работи ни се случуваат како тест, но кога ќе погледнам наназад гледам дека животниот стил кој го имав не беше ниту малку добар“, вели тој.
Пол Холидеј (45) бил успешен претприемач од Ливерпул кој во своја сопственост имал профитабилна фирма за изнајмување и продажба на недвижнини и дури 12 куќи низ разни краеви на Англија.
Во тоа време возел Порше и верувал дека го живее својот сон – сè до глобалната криза од 2008-та година кога практично преку ноќ изгубил сè.
„Сè некако се случи многу брзо“ – раскажал овој човек кој сега е татко на две деца.
Тој вели дека Ливерпул во 2008-та година бил европски главен град на културата и доживеал културен и социјален пораст.


Gepostet von Paul Holliday am Samstag, 19. Oktober 2019

На пазарот за недвижнини доживеал вистински пех, па Пол преку ноќ од успешен трговец со недвижнини дошол до тоа што повеќе не можел да продаде ниту една куќа.
Затоа по економската криза со својата сопруга и децата се преселил од Ливерпул во Перт на западното крајбрежје од Австралија.


Gepostet von Paul Holliday am Freitag, 11. Mai 2018


„Имав доволно пари и не мислев дека тоа некогаш ќе се смени. Живеев на тој начин, излегував често и повремено ‘ререативно’ се дрогирав“, признава поранешниот претприемач.
„Верувам дека ваквите работи ни се случуваат како тест, но кога ќе погледнам наназад гледам дека животниот стил кој го имав не беше нитумалку добар“, вели тој.

Gepostet von Paul Holliday am Montag, 25. Januar 2016

Поранешниот трговец со недвижнини сега својот ден го започнува со пливање, а секојдневно му се придружуваат нови луѓе кои препознаваат корист од утринската рекреација во морето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …