(ФОТО) Младата пејачка која едвај преживеа искрено: „Чиста сум, но не ви должам никакво објаснување!“

Поп пејачката Деми Ловато е револтирана поради пишувањето на таблоидите за нејзиниот живот…
„Ги сакам моите обожаватели но ги презирам таблоидите“, напишала Деми на Твитер.
„Не верувајте во она што ќе го прочитате. Ќе напишат се само за да продадат приказна. Болно“, навела таа.


Деми со обраќањето решила да им стави крај на шпекулациите за нејзиното здравје.
„Ако почувствувам дека нешто треба да кажам јас тоа ќе го кажам. Престанете да пишувате за моето опоравување.Трезна сум и благодарна сум што сум жива и се грижам за себе. Имам чувство дека треба да расчистам некои гласини, но никому не должам ништо така што нема да го направам тоа. Моите обожаватели треба да знаат дека работам на себе и дека сум им благодарна на подршката“, напишала поп ѕвездата.


Таа во јули, оваа година, во својот дом во Калифорнија е најдена во тешка состојба. Се предозирала, но успеала да се извлече од критичната состојба.
Не се огласувала по медиуми, не настапува и посветена е на опоравувањето. Само понекогаш им се јавува на обожаввателите на Инстаграм и Твитер.
Деми напишала и дека е посветена на семејството, дека се опушта и дека на сцената ќе се врати кога ќе биде подготвена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …