(ФОТО) Мислела дека има воспалување на крајниците, а потоа добила црна прогноза! Девојката која дознала дека има рак со порака: „Не бидете како мене!“

Георгина Месон (24) нејзините проблеми со голтањето ги сфатила како инфекција бидејќи претходно неколку пати имала воспалување на крајниците. Но, откако земала антибиотици, проблемот со голтањето продолжил и таа едвај можела да ја отвори устата.
Таа била примена во болницата во Источен Сари каде лекарите правеле тестови за да откријат што не е во ред. Во август 2021. година, ѝ била дијагностицирана акутна миелоидна леукемија (APML) по една недела мината во болница.
Георгина, која го изгубила својот татко Пол (54) од рак кога имала 15. години, била шокирана од веста и следниот ден почнала да се лекува. Сега на крајот од осумте циклуси на хемотерапија, таа е благодарна што успеала рано да ја открие болеста.
Таа работела како административен работник и рекла:
– Се чувствував толку лошо кога ми кажаа дека имам рак. Само мислев дека имам воспалување на крајниците, немав поим дека е многу посериозно од тоа. Морав веднаш да почнам со третман. Беше страшно, особено откако го изгубив татко ми кога имав 15. години. Не очекував да добијам рак на 24. години, навистина мислев дека имам болки во грлото, но испадна многу полошо“.

This image has an empty alt attribute; its file name is devojka-i-rak.png


Во јули 2021 година, Георгина почнала да забележува дека малку изгубила на тежина, но не размислувала за тоа бидејќи била среќна што можела да изгуби неколку килограми во текот на летото, но она што ја загрижувало е тоа што открила дека непцата лесно и крварат и брзо добивала модринки.
– Никогаш не сум имала крварење од носот или нешто слично, но одеднаш добив. Само помислив дека модринките се резултат на мојата несмасност – објаснила таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …