(ФОТО) Мишко Крстевски победи на Фолк фест Валандово: Квалитетот и скромноста не излегуваат од мода!

Токму поради тој скромен и смирен начин на кој владее на сцената, неговата победа на „Валандово 2023” помина со одобрување и искрени честитки од широката јавност…
Синоќа се одржа 36-то издание на популарниот фолк фестивал Валандово, каде беа отпеани 20 новокомпонирани народни песни.
Традиционално беа доделени повеќе награди за учесниците. Првата награда ја доби Мишко Крстевски за песната „Ема убава”, со музика, текст и аранжман на Љупчо Трајковски – Фис, втората награда отиде во рацете на Елена Андоновска за песната „Ни седум неба, ни седум гори”, а третото место го освои Анета и групата Молика со песната „Букети од сомнежи”.

Наградата за најдобар дебитант ја доби Адријана Ацевска, позната како Адријана Кеш, за песната „Проклет да си”, наградата за најдобар текст ја доби Огнен Неделковски за песната „Песна беше живот мој” во изведба на Нино Величковски, а Елена Андоновска освои награда и за најдобра интерпретација.


This image has an empty alt attribute; its file name is misko-krstevski-2.jpg

Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов им ги врачи наградите на изведувачите.
Фестивалот помина во убава атмосфера, надополнета со двете предфестивалски вечери на отворено, со многу музички гости и посетители од целата земја.


Крстевски, кој на сцената е присутен повеќе од три децении, по потекло е од Неготино. Во родниот град секогаш бил познат како вљубеник во музиката, кој започнал со настапи уште додека бил тинејџер. Своевремено, кога биле доста популарни серенадите, Мишко со својата гитара бил неизоставен дел од нив. Членувал во повеќе локални групи, а потоа започнал соло кариера и ја освои публиката со својата скромност и пеењето од душа.

Неговата мајка починала млада, додека тој уште беше тинејџер. Во тоа време, неговите две сестри веќе имале оформено свои семејства, па тој растеше покрај татко му Кирил. Уште од тогаш беше познат помеѓу сограѓаните по својата љубов кон музиката, како момчето кое не се делеше од својата гитара.


На фолк фестивалот Валандово има учествувано многупати во минатото, има богата авторска ризница зад себе, а пред околу 20 години се пресели во Скопје со семејството, каде има чести настапи во локали.
Тој е семеен човек, во брак со неготинката Сунчица со која ги имаат синовите Кирил и Никола, а од пред неколку години е и дедо.

This image has an empty alt attribute; its file name is misko-krstevski.jpeg
Отсекогаш важел за пејач кој не сака да се експонира, и за сите години поминати на сцената зад него нема бомбастични наслови во медиумите.
Токму поради тој скромен и смирен начин на кој владее на сцената, неговата победа на „Валандово 2023” помина со одобрување и искрени честитки од широката јавност, па чест коментар кој може да се прочита на социјалните мрежи е дека квалитетот и скромноста не излегуваат од мода, а првото место на фестивалот заминало во вистински раце.

Вики Клинчарова
Извор и фото: fokus.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …