(ФОТО) Мила Јововиќ скршена: „Мојот народ е нападнат“: „Се сеќавам на војната во поранешна Југославија“

Актерката Мила Јововиќ е родена во Киев и е уште една во низата познати личности кои продолжуваат да му даваат поддршка и солидарност на украинскиот народ.
Актерката Мила Јововиќ на социјалните мрежи сподели дека и е скршено срцето и дека е запрепастена во обидот да ја процесуира моменталната ситуација во Украина.
Таа рекла дека е длабоко трогната од уништувањето и раселувањето на семејствата додека руските сили се приближувале до Киев, градот во кој е родена.
„Моето срце е скршено и вчудоневидено. Се обидувам да ги обработам настаните, оваа недела, во мојот роден град во Украина. Мојата земја и народ се нападнати. Семејството и пријателите се кријат. Мојата крв и корени потекнуваат и од Русија и од Украина. Растргната сум на два дела додека гледам како се одвива ужасот, земјата се уништува, семејствата се раселени, целиот живот им лежи во јагленосаните делови околу нив. Се сеќавам на војната во татковината на татко ми, поранешна Југославија и приказната на моето семејство за траумата и теророт кој го доживеале. Војна. Секогаш војна. Лидери кои не можат да донесат мир. И секогаш народот плаќа со крвопролевање и солзи“, напишала познатата глумица на својот профил на Инстаграм.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …