(ФОТО) МЕСТЕНКА ИЛИ ВИСТИНА:Рибар не можел да поверува кога видел што има во стомакот на рибата што ја уловил

Многумина биле воодушевени од ова откритие, но се согласиле дека од фотографијата тешко се распознава дали банкнотата била проголтана од рибата или човекот ја ставил таму…
Еден рибар премногу се изненадил кога во желудникот на рибата која ја уловил нашол скриена банкнота од 20 долари.Фотографијата е објавена на Фејсбук страницата „Sharkmen Fishing Charters Melbourne“ и веднаш станала вирална.


„Најдобро – ловиш вечера и потоа имаш пари и за пиво“, се пошегувало друштвото на Фејсбук, иако имало и такви кои не верувале дека фотографијата е реална.Ветеринарот Ричмонд Лох, кој стои позади популарниот Јутјуб канал „The Fish Doctor“, за „Yahoo News Australia“ рекол дека банкнотата била таму каде што се очекува да биде кога ќе ја проголта риба .



Но додал дека овој вид на риба ретко излегува на површината на водата, но и дека банкнотата од 20 долари не е мал предмет кој туку така случајно може да се проголта.


Д-р Мет Ландос кој го води „Future Fisheries Veterinary Service“ се согласил дека од фотографијата тешко се распознава дали банкнотата била проголтана од рибата или човекот ја ставил таму.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …