(ФОТО) Мерцедес поради грешка повлекол повеќе од милион возила

MERCEDES-BENZ ќе повлече 1.292.258 возила поради дефект во системот за итни повици.
Германскиот автомобилски гигант утврди дека, во некои од нивните возила, привремен прекин во напојувањето на модулот за комуникација предизвикан од сообраќајна несреќа може да испрати погрешна локација на возилото до базата, изјави портпаролот на компанијата за „Инсајдер“.
Тој исто така потврдил дека другите функции на автоматските и рачните системи за итни повици остануваат целосно оперативни и дека Mercedes-Benz САД не е запознаен со ниту еден случај на материјална штета или лична повреда поради овој проблем.
Моделите на автомобили кои се повлекуваат ги вклучуваат CLA, GLA, GLE, GLS, SLC, A, GT, C, E, S, CLS, SL, B, GLB, GLC и G, објавија медиумите во саботата.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Mercedes-Benz (@mercedesbenz)


Борбата за пазарот на електрични возила
Повлекувањето се случило откако Mercedes-Benz дознал за несреќа во Европа во која автоматскиот систем за итни случаи пружил неточна локација на возилото. Моделите за повлекување биле произведени помеѓу 2016. и 2021. година.
Минатата недела Мерцедес откри детали за својата електрична S-Class EQS. Целта на компанијата е да доминира во производството на луксузни електрични возила. Во јануари тие го претставија и својот нов кросовер 2022 EQA 250, најновото електрично возило на Mercedes-Benz.


Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …