(ФОТО) МЕНУВАЊЕ НА ВИРУСОТ – ПОСТОЈАТ ТРИ ВАРИЈАНТИ НА КОРОНА КОЈА СЕ ШИРИ НИЗ СВЕТОТ: Научниците тврдат дека во Европа се шири типот Б, иако прво пристигнал типот Ц

Меѓународна група на научници, предводена од д-р Питер Форстер од Универзитетот во Кембриџ, тврдат дека постојат три главни варијанти на новиот вирус корона – А, Б и Ц, објавена во списанието Proceeding of the National Academy of Sciences (ПНАС).
Научниците дојдоа до овој заклучок анализирајќи го геномот на вирусот корона земен од примерок од 160 пациенти од целиот свет помеѓу 24. декември минатата година и 4. март оваа година.
Варијанта А е генетски најслична на вирусот што се наоѓа кај лилјаците и панголините или лушпарите.
Оваа варијанта се смета за „корен на епидемијата Ковид-19“, но не била застапена во Вухан, кинеската област каде што за прв пат се појави вирусот.


Голем број на случаи на варијантна на вирусот корона се пронајдени кај пациенти од САД и Австралија.
Во Вухан, кај пациентите доминирала варијантата Б на вирусот корона, која се развила од варијантата А (со мутација на два гени).
Варијанта Б е распространета кај пациенти во Источна Азија.
Варијанта Ц е главниот европски вид присутен кај раните пациенти од Франција, Италија, Шведска и Англија.
Оваа варијанта на коронавирус „ќерка“ е варијанта Б, забележана е кај пациенти во Хонг Конг, Јужна Кореја и Сингапур, од каде се шири во Европа.



„Повеќето случаи во Вухан се Б варијантата од која подоцна еволуира варијантата Ц и се прошири првично низ Сингапур“, изјавил Форстер за „Дејли меил“.
Форстер верува дека варијантата Ц не мутирала, но потенцира дека сепак треба да се внимава затоа што таквото размислување се заснова на мал примерок.
Анализата на британските научници во ПНАС исто така сугерира дека едно од најраните откритија на вирусот САРС-КоВ-2 во Италија дошол преку првата документирана германска инфекција на 27. јануари, и дека уште еден ран италијански пат за инфекција бил поврзан со група на пациенти во Сингапур.


Додека варијантата Ц доминираше во Европа во првите недели од експанзијата на „Ковид-19“, неодамнешните анализи на тимот на Форстер покажуваат дека варијантата Б сега сега се шири брзо.
Тимот Форстер анализира 1.000 примероци земени до крајот на март, но таа студија сè уште не е разгледана.
Прелиминарните резултати посочуваат дека варијантата Б на корона вирусот сега доминира во Велика Британија, Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и Холандија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …