(ФОТО) ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА: Пријавени 2.милиони случаи, починале повеќе од 125.000, во САД повеќе од 600.000 заразени

* Со коронавирус се заразени скоро 2. милиони луѓе а повеќе од 125.000 умреле;

* Повеќе од 603,000 луѓе се заразени во Соединетите држави, а 25.000 починале;


* Во Шпанија се заразени повеќе од 172,000 луѓе, а најмалку 18,000 луѓе починале;

* Повеќе од 162,000 луѓе се разболеле во Италија а повеќе од 21.000 умреле;


* Повеќе од 143,000 луѓе се заразени во Франција а повеќе од 15.000 умреле;

Опоравени се повеќе од 487.471 лица.



ТУРЦИЈА: 65.111 заразени, 1.403 мртви
Во Турција, потврдени се вкупно 4.062 случаи на вирусот корона во изминатите 24 часа, а 107 починати, соопштија здравствените власти.
Така, вкупниот број заразени лица достигна 65.111, а вкупно починале 1.403 лица

ПОВЕЌЕ ОД 25.000 ПОЧИНАТИ ВО АМЕРИКА
Вкупниот број на смртни случаи со коронавирус во САД денес надмина 25.000, двојно за една недела.
Соединетите држави, рангирани на третото место во светот по население, имаат повеќе смртни случаи со КОВИД-19 од која било друга земја

 

ПОВЕЌЕ ОД 15.000 ПОЧИНАТИ ВО ФРАНЦИЈА
Во Франција се пријавени повеќе од 15.000 смртни случаи од вирусот корона.
Така, Франција стана четврта земја со повеќе од 15.000 мртви, по Италија, Шпанија и САД

ИТАЛИЈА: 602 починати за еден ден, бројот на пациенти опаѓа
Во Италија, во изминатите 24 часа починале 602 лица, со што бројот на загинатите достигна 21.067, според Агенцијата за цивилна заштита.
Најновите бројки покажуваат дека бројот на починати во Италија веќе втор ден по ред, со 566. мртви во понеделникот.
Од друга страна, потврдени се 2.992 случаи во изминатите 24 часа, додека претходниот ден тој број беше 15.173. Ова е најмало дневно зголемување на бројот на заразени од 13 март.
Во Италија досега се потврдени 162.488 случаи на вирусот корона, со што оваа земја е трета најзаразена во светот, веднаш зад САД и Шпанија.

БРИТАНИЈА: 778 луѓе умираат во еден ден, вкупно 12.107
Во Велика Британија, 778 луѓе починале во последните 24 часа од коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи достигнал на 12.107, соопштија властите.
Инфицирани се вкупно 93.873 лица.

СЗО: 90 проценти од заразените се во Европа и САД
Бројот на нови случаи КОВИД-19 се намалува во делови од Европа, вклучително и Италија и Шпанија, но епидемијата сè уште се шири во Велика Британија и Турција, соопштила Светската здравствена организација (СЗО).
„Околу 90 проценти од сите случаи на коронавирус се во Европа и САД, а ние сме сигурни дека ова сè уште не е врв“, рекла портпаролката на СЗО, д-р Маргарет Харис.

РЕГИОН
Словенија – 1.220
Хрватска – 1.704
БИХ – 1.083
Црна Гора – 283
Албанија – 475
Србија – 4.465
Македонија – 908
Бугарија – 713
Грција – 2.170

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …