(ФОТО) Меланија повторно воодушевила со комбинацијата за средба со ветераните!

Меланија не престанува да докажува дека е една од најубавите американски дами.
Најомилената членка на семејството Трамп и неприкосновена икона на стилот, Меланија Трамп, неодамна ги угостила американските воени ветерани во Источната соба на Белата куќа по повод прославата на афро-американската историја.
Првата дама на Америка гостите ги дочекала како и по обичај, беспрекорно облечена, во црн комбинезон.


Едноставниот модел со широки ногавици и каиш на струкот, совршено и стоел на згодната Словенка, а детал во вид на марама кој како наметка паѓал низ рамената на Меланија, дал модерна нишка на оваа класична комбинација за облекување.

Изборот на чевли, како и секогаш паднал на шпиц салонки со висока пета, а многумина ја коментирале и бојата на косата на Меланија.
Се чини дека првата дама, макар на кусо, се откажала од таканаречените „сонце во косата“ прамени и се одлучила за нешто потемна нијанса…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …