(ФОТО) Ги урива сите бариери: Џејми, глумицата со Даунов синдром го освојува театарот

Ѕвездата на серијата „Американска хорор приказна“ ќе биде прва глумица со Даунов синдром во историјата која ќе застане на штиците на Off-Broadway театарот во Њујорк.
Глумицата Џејми Бруер (33) на гледачите попозната по улогите на Нан, Ади, Хегда и Марџори кои ги отелотворила во неколку сезони на хорор серијата „Американска хорор приказна“. Американката со Даунов синдром е со позитивен дух и омилена меѓу колегите. Овие денови и се остварил уште ден сон бидејќи добила главна улога во претставата „Amy and the Orphans“ во театар во Њујорк кој припаѓа на ‘Off-Broadway’ вид на продукција.
Во претставата Бруер ќе ја глуми Еми, жена со Даунов синдром која на своето семејство му помогнува да се справи со смртта на нивниот татко.
„Јас сум вистински доказ дека човек не е само дијагноза и дека можат да се остварат како холивудска глумица и вон тие рамки“ рекла Џејми.
Џејми била и прв модел со Даунов синдром на пистата на њујоршката недела на модата каде во 2015. година гордо прошетала во црн фустан на дизајнерката Кери Хемер. Креаторката е и инаку ангажирана кон кревањето на свеста за убавината и за своите ревии бира јаки жени кои излегуваат од рамките на стандардите за убавина.
Глумицата својот првенец на ТВ го имала во 2011. година кога ја отелотворила Ади Лангдон во првата сезона на серијата „Американски хорор приказни“.
„За аудицијата ми кажа пријателка. Бараа млада жена со Даунов синдром која знае да глуми. Ме повикаа веднаш откако се пријавив. Веднаш ја добив улогата што многу ме изненади“ раскажала Бруер.
Освен што гради кариера во глумата, Џејми е исто така и најмлада претседателка на организацијата ARC of Fort Bend Chapter, на која цел и е да го подобри квалитетот на животот на луѓето со посебни потреби и нивните семејства. Организацијата на државата Тексас и предлагала промени на законот за граѓаните со инвалидитет, кој пратениците го усвоиле.Глумицата учествува во работата на уште шест непрофитни здруженија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …