(ФОТО)  Ѕвездата на „Чиста љубов“ чека дете со 10. години постарата девојка !

Црногорскиот глумец неодамна рекол дека нема омилен тип на жена бидејќи не сака да генерализира, но и дека неговата партнерка не е љубоморна на љубовните сцени со колешките…
Актерскиот пар, Јелена Перчин (37) и Момчило Оташевиќ (27) во врска се повеќе од две години, а се запознале на снимањето на хрватската серија „Зора Дубровничка“.
Дубровчанката со загрепска адреса, како што пренесува Јутарњи лист, е бремена по втор пат.
“Ништо не коментирам’ одговорила кусо Јелена за споменатиот медиум.
Дека е бремена почнало да се нагаѓа во почетокот на февруари кога глумицата на хуманитарна вечер се појавила во тесен фустан кој го истакнувал нејзиното заоблено стоаче. Со неа бил и црногорскиот глумец кој цела вечер не се одвојувал од неа.
Јелена и Момчило се вљубиле за време на снимањето на втората сезона на серијата „Каде ќе пукне нека пукне“. Парот во почетокот одбегнувал да се појавува, заедно во јавност, но последната година се’ почесто можат да се видат заедно на разни настани.
Јелена во 2011. година се развела од угостителот Кристијан Бабиќ со кого ја има ќерката Лота (8). Била во врска со 24. години постариот политичар Владимир Шишљагиќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …