(ФОТО) МАСКА НА ЛИЦЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРОГРАМАТА: Водител на HRT морал да користи заштита во студио поради новите правила

Водителот на Хрватската радио-телевизија (HRT) водел емисија со заштитна маска додека бил сам во студиото, бидејќи не бил вакциниран против Ковид 19.
На социјалните мрежи се рашири сликата на водителот на „Загрпска Панорама“, Фабијан Кале, кој во четвртокот водел емисија со заштитна маска FFP2на лицето.
Според Index.hr, ова се нови правила кои стапија на сила на HRT во четвртокот.
– Согласно Одлуката за правилата за однесување на Хрватската радио-телевизија за време на пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2, која е на сила од 4. ноември 2021. година, сите невакцинирани и оние кои немаат исправен сертификат за коронавирус, а тоа се однсува и’ за домаќините и за гостите на шоуто, мораат да носат заштитни FFP2 маски – велат од HRT.
Водителот објасни дека не бил вакциниран од здравствени причини, туку дека планирал да го направи тоа, како и дека ХРТ дознала за новите правила во последен момент, па носел маска.

Фото: Принтскрин/HRT


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …