(ФОТО) СЕЛФИ ПРЕД СМРТ: Се сликала, па паднала во провалија, шокираниот сопруг рекол – не ни вресна!

Брачен пар од Холандија бил на одмор во Белгија кога се случила трагедијата.
Зои Снукс (33) се разбудила рано наутро со сопругот Џои Јансен во белгиското село Надрин, за да го искористи последниот ден од одморот за да посети карпа над реката Урт. Зои и Џои своето слободно време го користеле да патуваат и да се сликаат на атрактивни места, па не е прв пат да посакаат да објавуваат фотографии од голема височина на своите социјални мрежи.


View this post on Instagram

A post shared by Zoë Snoeks (@zoe_snoeks_)


Сепак, овој пат бил последен за Зои. Според зборовите на нејзиниот сопруг, во еден момент се свртел да ги чува нивните кучиња, а кога погледнал назад по пет секунди, на местото на врвот на карпата каде што стоела Зои – видел само прашина.


– Таа ми рече да ги гледам кучињата. Се свртев и им реков да мируваат. Кога се вратив кај Зои, неа повеќе ја немаше. Како само да исчезна. Мислам дека сето тоа се случи за помалку од пет секунди. Ништо не видов ниту слушнав. Без шушкање, врескање или викање. Погледнав и имаше само прашина – рекол тој.
После тоа почнал панично да ја добикува, иако, како што рекол, тогаш веќе знаел дека нема шанси да му одговори, бидејќи бездната била длабока десетици метри. Поради лошиот сигнал не можел веднаш да повика помош, а подоцна спасувачите можеле само да го известат, откако го пронашле нејзиното тело во реката под карпата, дека Зои е мртва.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoë Snoeks (@zoe_snoeks_)

– Фотографијата беше нејзината страст. Веднаш погледнав во нејзиниот телефон и видов дека се фотографира на работ на бездната. Нејзиното последно селфи. Зои гледаше право напред, а зад неа се гледаа маглата и реката каде конечно го пронајдоа нејзиното тело. Спасувачите рекоа дека Зои паднала најмалку 30 метри, но јас тоа го видов со свои очи. Мислам дека висината е сепак 50. метри – заклучил Џои.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОСЛЕДНАТА ФОТОГРАФИЈА НА НИКОЛА ТЕСЛА: Глетка која изненади многумина

Последната фотографија ја открива другата страна на овој генијален ум… Иако Никола Тесла многумина го …