(ФОТО) Македонија не е меѓу земјите учеснички на „Песна на Евровизија 2018“

Вчера на официјалната страница на Евровизија се објави листата со земјите учеснички на музичкиот настан, кој треба да се случи во Лисабон, Португалија, на 8, 10. и 12. мај 2018 година.
Македонија овојпат ја нема помеѓу натпреварувачите. Нашите соседи и земји од регионот како Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Хрватска и многу други, се повторно на листата, составена од вкупно од 42 учесници.
Во најавата на официјалната страница на Евровизија исто така е потенцирано дека на натпреварот во 2018. година на сцената во Лисабон ќе се претстават 42 земји. Нема податок дека листата е се’ уште отворена и може да се приклучат и други натпреварувачи дополнително.Но, пред извесно време на истата страна имаше информација дека земјите своето учество треба да го потврдат до крајот на 2017. година па оттаму и веста дека во текот на јануари ќе се одржи извлекувањето на учесничките во двете полуфиналнивечери.


„Изданието во 2018 година ќе биде посебно за Шведска, која ќе слави 60 годишнина, откако за прв пат се појави на сцената во 1958 година. Русија исто така се враќа на сцена по една година отсуство. Се радуваме на средбата со четириесет и двајцата натпреварувачи во Лисабон наредниот мај“ – се вели во соопштението на организаторите, под кое следи листата со земјите учеснички.
Имено, името на нашата земја го нема на списокот меѓу 42. земји-учеснички, објавен од страна на ЕБУ, а како причина за тоа што догодина ќе немаме претставник во Лисабон деновиве во јавноста се споменуваше долг на јавниот сервис кон ЕБУ.

Настанот веќе е извесно дека ќе се одржи во Алтис Арена во Лисабон.
Колку за потсетување годинава во Киев, Украина, боите на нашата земја ги бранеше Јана Бурческа со темата “Dance alone”. За жал, со завиден успех не може да се пофали, ама факт е дека го привлече вниманието со тоа што на самата сцена откри дека е бремена, а зад неа, односно од Зелената соба беше и запросена.
Официјално Македонија е дел од Евровизија од 1998. година, кога ова музичко натпреварување се одржа во Бирмингем, Велика Британија. Најдобриот пласман Македонија го имаше во 2006. година, кога наш претставник беше Елена Ристеска со темата “Нинанајна”. Од поранешните Ју-републики само нашата земја и Црна Гора никогаш не успеале да се најдат меѓу најдобрите 10 земји.


Од ЕБУ има уште една информација дека МРТ долгот го платила пред пет дена.Како дека од МРТ нема никакви информации дали ќе учествува на „Песна на Евровизија 2018“ во исабон, Потугалија.
Победата на Португалија, каде ќе се одржува следното издание на Евровизија, и ја донесе младиот Салвадор Собрал, и тоа беше прва победа за оваа земја по 53 години учество на музичкиот настан.

Досегашни учесници и освоени бодови


1998 Владо Јаневски – “Не зори зоро” (16 бодови) – 19 место
2000 ХХЛ – “100% те љубам” (29 бодови) – 15 место
2002 Каролина Гочева – “Од нас зависи” (25 бодови)- 19 место
2004 Тоше Проески – “Life” (47 бодови) – 14 место
2005 Мартин Вучиќ – “Make my day” (52 бодови)- 17 место
2006 Елена Ристеска – “Нинанајна” (56 бодови) – 12 место
2007 Каролина Гочева – “Мојот свет” (73 бодови) – 14 место
2008 Тамара, Адријан и Врчак – “Let me love you”
2009 Некст тајм – “Нешто што ќе остане”
2010 Ѓоко Танески, Били Sвер и Дамјан Пејчиноски – “Јас ја имам силата”
2011 Влатко Илиевски – “Русинка”
2012 Калиопи – “Црно и бело” (71 бодови) – 13 место
2013 Есма и Лозано – “Пред да се раздени”
2014 Тијана – “To the sky”
2015 Даниел Кајмакоски – “Лисја есенски”
2016 Калиопи – “Дона”
2017 Јана Бурческа – “Dance alone”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …