(ФОТО) Неверојатни факти за Џејсон Стетам!

Не се случува секој ден да се бавиме со позната личност која е толку версатилна и има интересно минато, а Џејсон Стетам е еден од нив.
Го знаете по тоа дека „истребил“ многу луѓе во филмовите, но тој работел сешто пред да дојде на филм.
За почеток ова се основите: Роден е во Дербишаер, Велика Британија од мајка танчерка и татко уличен продавач. Бил спортист, модел, па дури и уличен продавач пред да стане звезда, и да, бил апсен.
Ова се основните работи за глумецот, но има и многу информации за него кои баш и не се
познати, а подеднакво се забавни.
1. Еднаш глумел во реклама за чоколатца

2. Тој е неверојатен шахист


Според трачевите, тој и Гај Ричи шах играле рутински,а Стетам тврдел дека Ричи е најлош шахист кого било кога го сретнал. Всушност, тие играле во пари и Ричи му е многу должен.
3. Одличен фудбалер

Тој не само што глуми во „Mean Machine”, Стетам е член на фудбалскиот клуб „Холивуд Јунајтед ФМ“.
4. Пред глумата работел како модел


Не ја сакал својата насмевка, па позирал намрштен. Но, токму тој поглед и го прославил.
5. Глумел во реклама за „Ли Купер“ во 1997. година.

Да, успеал изгледот на 90. ттите да го направи екстремно секси. Моќта на Статам.
6. Бил заштитно лице на „LG G5“ кампањата


Тука баш и не личи на себе, но добро.
7. И тоа не е се: Бил светски успешен пливач

Учествувал на натпреварување за британскиот тим. Неговите интензивни тренинзи му дале
мускулатура за модел.
8.Малку луѓе знаат кога е роден

Денот на неговото раѓање е 26. јули, но ретко кој ја знае точната година. Според
различни извори, некои велат дека е роден 1967. година, додека други велат 1972.
година.
9. Својата кариера ја започнал со препродавање работи на улица
Препродавал половни работи на улиците на Лондон заедно со татко му, тоа искуство го опишал како препродавање работи кои „испаднале од камион“.
10. Неговото искуство од улицата му помогнало кога бил на аудиција за првата улога
Гај Ричи го прашал Стетам да му продаде парче лажен накит за филмот „Две зачадени
двоцевки“ Стетам бил толку добар во тоа што аудицијата ја напуштил со улога и пари од Ричи.
11. Исфрлен е од Плејбој вилата бидејќи не сакал да позира со девојките

Се појавил само во баде мантил и не сакал да се слика со девојките. Некако, тоа предизвикало негово исфрлување.
12. Тој му дал глас на наредникот Вотерс во филмот „Call of Duty”

Признајте: Знаевте дека тој глас ви е познат од некаде.
13.Извел ужасна фора за да ја исплаши Ким Бесинџер

За еден филм кој го работеле заедно, Ким решила дека мора малку да се уплаши за да
„влезе“ во улогата на киднапирана жртва, па го замолила Стетам да ја изненади и
уплаши. Тој ја нападнал и го завиткал каишот околу нејзиниот врат. Успеал, Ким
навистина делувала исплашено во филмот!
14. Сите каскадерски сцени ги работи апсолутно сам!

Бидејќи му се може, секако. И не само тоа, тој се бори каскадерите да добијат посебен
дел на доделувањето Оскари.
15. Тоа значи дека тој навистина го извел она со хелихоптерот на крајот на филмот „Crank”

Да, висел на 1.000 метри од хелихоптер со само мал појас кој го држе да не падне. Е,тоа е храброст!
16. Сепак, не се сите сцени снимани без потресувања

Сцената со авионот во „The Expendebles” за малку ќе му била последна. Вака се случило:
режисерот Силвестер Сталоне решил дека Стетам треба да биде тој во авионот, а кога се
се завршило го информирал дека од моторот течело и дека можел да загине.
17. Имало и сцени кои биле ептен „извртени“

Сцената со хелихоптерот не била единствена која била вистинска. Моментот во Кинеската
четврт кога тој и Ејми Смарт имаат секс среде улица е потполно изненадување кое го
смислил…Стетам.
18. Еднаш е уапсен бидејќи возел кола за голф.

Еднаш бил фатен како вози кола за голф по автопат после Коачела фестивалот. Уапсен е
но не е подигнато обвинение.
19. Кога сме веќе кај возењето, тој всушност неколку пати паднал на возачки испит

Изгледа дека собрал доста лоши навики додека возел со татко му и му требало доста време да го положи тестот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …