(ФОТО) Овие славни газеле луѓе и ништо не им фали: Каде е правдата и што е со законот?

Познатите отсекогаш прават скандали, но некои од нив можеле да чинат нечиј живот…
Последна вест од светот на славните поврзана за сообраќајна несреќа е онаа за српскиот пејач Драган Којиќ Кеба кој во вторникот прегазил девојка на пешачки премин. За среќа девојката е вон животна опасност а пејачот бил однесен на неколку истражувања, меѓу кои и дали бил под дејство на алкохол.
Остнува времето да покаже како ќе заврши овој случај со оглед на тоа дека кога станува збор за славните правдата добива друг димензија.
Тони Цетински
Во почетокот на ноември, оваа година, пејачот Тони Цетински, со автомобилот удрил пешак кој починал на лице место.
Сепак, од полицијата во Пула не соопштуваат дали смртта била последица од ударот на автомобилот или нешто друго.Прегазениот маж, наводно излегол од кафулето и лежел на патот кога наишол Цетински…Иако беше ветено дека после обдукцијата, во понеделникот, ќе бидат соопштени вистинските причини за смртта на мажот, и по завршената обдукција која е прогласена за строга тајна ништо не е познато.
Стефан Кариќ
Член на „династијата“ Кариќ, во април 2005. предизвикал сообраќајна несреќа кога во пијана состојба удрил во столб.
Поради силината на ударот автомобилот се преполовил и додека предниот дел останал на местото на ударот задниот продолжил да се движи а Станислава Павловиќ, која била во автомобилот се здобила со повреди опасни по живот.
Станислава после несреќата останала траен инвалид а Кариќ бил осуден на 9 месеци домашен притвор. Кариќ исто така морал на Сташа да и плати оштета, иако тврдел дека немал пари за тоа.
Елена Кариќ
Ќерката на познатата модна креаторка Верица Ракочевиќ и сопруга на бизнисменот Југослав Кариќ во 2008. година на пешачки премин со својот џип го удрила Милан Ј. (30).
Момчето се здобило со тешки повреди на главата и било префрлено во болница каде долго време бил без свест.За среќа се’ се завршило добро и момчето со соодветна медицинска нега бргу се опоравил без последици.

Александар Митровиќ
Пред четири години јавноста во Србија бил згрозена од сообраќајната несреќа која ја предизвикал Александар Митровиќ кој тогаш имал 17. години, син на бизнисменот Жељко Митровиќ, сопственик на ТВ Пинк.
Митровиќ возел со брзина од околу 81 км/час што било двојно поголема брзина од дозволената, а било утврдено дека не бил под дејство на алкохол ниту други психоактивни супстанци.
Несреќната Андреа од силината на ударот одлетала 20. метри, а Митровиќ не застанал да и укаже помош, туку избегал од местото на несреќата. Два часа подоцна со својот татко отишол во полиција и се пријавил. Веднаш му бил одреден домашен притвор, но на судот ја негирал вината.
Обвинителството две години не можело да дојде до сведоците.
Епилог: Александар нема да одговара за тоа дека избегал од местото на несреќата, туку за друго кривично дело за кое имало помала казна. Судењето сеуште траело…


Халид Муслимовиќ
Во февруари оваа година пејачот Халид Муслимовиќ ја удрил Мина Р. (17).
Девојката за среќа се здобила со лесни телесни повреди кои биле санирани во болница.
Халид тогаш изјавил дека не бил под дејство на алкохол и дека возел не повеќе од 40 км/час кога девојката налетала на ретровизорот и од ударот паднала на коловозот. Со оглед на тоа дека во прашање била полесна повреда и дека Халид е странски државјанин, платил казна и продолжил понатаму.

Емир Хаџихафизбеговиќ
Босанскиот глумец во октомври 2014. година со автомобил ја удрил Анкица Кудуз која починала од последиците на ударот. Познатиот глумец ги занемарил знаците за ограничување на брзината и возел најмалку 125 км/час.
Несреќната жена починала на лице место, а глумецот се здобил со тешки телесни повреди.
Хаџихафизбеговиќ бил осуден условно на 4. години затвор доколку во четири години не го повтори истото кзнено дело.


Гордана Лазаревиќ
Пејачката во октомври оваа година предизвикала тешка сообраќајна несреќа кога со својот автомобил удрила пешак.Полицијата утврдила дека пејачката не застанала на знакот СТОП но и дека не била под дејство на алкохол.Гордана Лазаревиќ била позната по тоа дека вози брзо бидејќи секогаш некаде доцнела.
Општо земено, вакви незгоди има на десетина дневно, а исто така и жртви. Безбедноста во сообраќајот е многу важна, без оглед дали станува збор за познати или не. Животот на секој поединец е најважен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …