(ФОТО) Бисквитен ролат на Рејчел Ален

Потребно е:

150 г путер


110 г шеќер

1 јајце


шеќер во прав, за наросување

Слој од ванила:


2 лажички екстракт од ванила

150 г брашно

1/4 лажичка прашок за печиво

Чоколаден слој:

35 г какао

115 г брашно

1/4 лажичка прашок за печиво
Подготовка:рерната загрејте ја на 180 степени.Плехот за печење покријте го со хартија за печење. Изматете го путерот со шеќерот да стане лесен и пенлив, потоа додајте го јајцето и продолжете го матењето. Во оваа фаза смесата поделете ја ан два еднакви делови во две длабоки чинии.Би требало отприлика да има по 160 г во секоја чинија. Во чинијата за слој од ванила додајте ги наведените состојки, а во темниот наведените чоколадни состојки. Двете теста убаво измесете ги да бидат меки и мазни.
Две парчиња хартија за печење наросете со шеќер во прав (треба да има доволно да не се лепи тестото). Секоја топка тесто расукајте ја на посебна хартија во правоаголници со големина од 20х30 см. И по површината наросете со шеќер во рпав. Правоаголниците треба да бидат со еднаква големина.
Чоколадниот слој ставете го на оној од ванила и од широката страна виткајте ролат. Завиткајте во хартија и префрлете на 15 минути во фрижидер.Вака подготвеното тесто може да стои во фрижидер и по една недела.
Потоа извадете го ролатот и сечете парчиња со дебелина од 7,5 мм. аредете ги во тава покриена со хартија за печење и ставете во загреана рерна на 180 степени. Печете додека не добијат златно – црвена боја. Извадете ги од тавата и префрлете на кујнска жица да се изладат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Руска поларна експлозија и се заканува на Европа и на Балканот!

Според од она што можам моментално да го изјавам ја јавноста е тоа дека, според …