ВОЈНАТА неодамна стана ужасна реалност за украинскиот народ, а оние кои најмногу страдаат се децата, најслабите и најневините во целата приказна. Секојдневно сме сведоци на ужасни вести и фотографии кои покажуваат дел од она низ што минуваат луѓето кои до вчера живееле во мир и хармонија, во безбедноста на своите домови. Една мајка од Украина споделила приказна за бегството како дел од проектот наречен Eye Mama Project, а ова е нејзината исповед, како што пишува Ромпер:
„Нашите деца мора да се родат и да живеат во мирна Украина, мора да играат безгрижно, да посетуваат градинки и училишта, да шетаат по паркови, да се гледаат со пријателите. Се молам Русите да се разбудат, ве молам тргнете го превезот од нивните очи. Ве молиме престанете со крвопролевањето.
Мислите за можна руска инвазија на Украина ме држеа будна неколку ноќи. Бев обземена од вознемиреност. Бев многу загрижена за животот на мојот син и остатокот од семејството. Ноќта на 24. февруари ме разбуди силен шум на небото. Мислев дека можеби доаѓа од мал аеродром во нашиот град, но никогаш немав слушнато такви звуци.
Пулсот ми се забрза и почувствував опасност. Мојот син се разбуди и побара прегратка. Повторно заспавме. Мојот сопруг таа вечер поради работа беше отсутен. Утрото ме разбуди повикот на сестра ми. Таа рече дека експлозии се слушнале во различни градови на Украина, а руските војници ја започнале инвазијата.
View this post on Instagram
Стравот од она што го слушнав ми го парализираше целото тело. Се случуваше најлошото, војна во Украина. Му се јавив на мојот сопруг. Решивме јас и син ми да одиме надвор од градот кај нашите родители. Ги зедов нашите залихи – документи, лекови, топла облека за син ми. Затворајќи ја вратата од нашиот стан, помислив дека ова можеби е последен пат да го правам ова.
Се молев и се обидов да се контролирам бидејќи моето дете беше во близина. Мојот син има речиси 4. години и е неверојатно чувствителен на она што се случува и на она што го чувствувам. Неколку пати на ден прашува: “Мамо, никогаш нема да ме изгубиш, нели? Мамо, нема да ме дадеш никому?” Го гушкам уверувајќи го: „Сине, те сакам, секогаш ќе бидам таму, сигурен си. Сега нашата Украина ја бранат добри војници“. Го тешам мојот син, иако се мачам да ја прифатам реалноста.
Нашето село во регионот Ривне сега е мирно, нема експлозии, нема сирени. За воздушниот аларм дознаваме од официјални извори на Интернет. Но, секогаш кога ќе замислам дека нешто може да му се случи на моето дете, ме исполнува страв. Син ми ја забележува мојата загриженост од време на време, ме прегрнува и ми вели: „Мамо, сигурна си, јас ќе те заштитам и ти ќе ме заштитиш мене, а кога лошиот човек ќе го запали огнометот, ние само ќе се скриеме под масата”.
Зошто нашите деца треба да гледаат војна? Кој ќе одговара за се што доживеале? Како да им објасните на вашите деца зошто е неопходно да се кријат во засолништа или подруми кога се слушаат звуци на сирени и аларми и експлозии? Зошто некој сака да ни го преземе домот?“
Фото: Принтскрин/Instagram