Ѕвездата на хит-серијата на Нетфликс „Sex Education“ (Сексуално образование), Нкути Гатва, денес заработува 700.000 евра од популарната програма, но пред славата да му тропне на врата, тој бил бездомник.
Нкути Гатва, кој го игра ликот на Ерик Ефоинг (29) во „Сексуално образование“, бил бездомник пред да биде ангажиран во популарната серија. Како што објаснил во едно од интервјуата, морал да позајмува од пријатели и познаници за да може да дојде на аудицијата. Позајмувал за да направи костум или да плати превоз. Нкути и неговото семејство ја напуштиле Руанда разорената од војна и се преселиле во Шкотска. Иако семејството на Нкути успеало да ја избегне војната, тој не можел да избегне малтретирањето на училиште поради бојата на кожата.
View this post on Instagram
Со желба да успее во филмската индустрија, тој се преселил во Лондон за да го оствари долгорочниот сон – да стане актер. За жал, тој брзо ги потрошил своите заштеди и набргу станал бездомник. Имал среќа што пријателите го пуштиле да спие на софата.
View this post on Instagram
„Околу пет месеци пред ‘Сексуално образование’ претежно спиев во туѓи дневни соби, немав покрив над главата. Единствената среќа беше што имав пријатели, инаку ќе бев на улица“, рекол Нкути.
Провокативната и прогресивна серија за човечките желби, запознавањето со телото и сексуалноста стана една од најгледаните на Нетфликс, дозволувајќи му на Нкути да заработи повеќе отколку што сонувал.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram