Таа погрешно го проценила расположението на нејзините обожаватели…
Мексиканската пејачка Илсе Марија Оливо, актерка и телевизиска водителка, целосно погрешно проценила колку всушност е еуфорична нејзината публика, односно е расположена за класични концертни акробации.
Таа сесимнала меѓу насобраниот народ, па настапот во главниот град Сиудад де Мексико го завршила со неколку неславни моменти кои можеле сериозно да ја повредат.
View this post on Instagram
Понесена од песната, Оливо најпрво во два наврати посакала да биде носена на рацете на фановите, но кога сфатила дека нема да успее, наеднаш скокнала.
На нејзино големо жалење, публиката во последен момент се оддалечила, а никој не ни помислилил да се подметне пред ударот на нејзиното тело, па 56-годишната дама завршила на подот.
Но, таа брзо стана со широка насмевка на лицето, па на почетокот на неделава со духовит тон на Инстаграм им порача на фановите да не бидат такви.
Фото: Принтскрин/Instagram