Златниот тибетски мастиф станал симбол на престиж…
Златниот тибетски мастиф станал симбол на престиж и важи за најскапо куче ан светот. Цената на оваа тибетска дога, како што ја нарекуваат, се искачува на неверојатни милиони долари.
Тибетскиот мастиф го држи рекордот за најскапиот куче продадено на сите времиња. Пред неколку години, кученцето од златниот тибетски мастиф беше продадено за неверојатни 1,9 милиони долари. Кученцето имало една година, било долго 80 сантиметри и тежело дури 90 килограми, а го купил еден Кинез.
Долго време, многумина се прашуваат која е тајната и зошто оваа раса вреди толку многу. Имено, се покажало дека тибетскиот мастиф е крајно верен и лојален на својот сопственик до смрт. Тој е подготвен да се соочи со сите ѕверови, а номадските племиња од Азија го користеле за лов и како чувар на овци од волци, леопарди, мечки… Денес тој е многу ретка ѕверка, па станал статусен симбол.
Worl's Most Expensive Dog "Golden-haired Tibetan mastiff puppy sold for a whopping $2 million in China" pic.twitter.com/MwcoFK4ojh
— FactsGuide (@AmazingTexts) June 26, 2014