(ФОТО) Луѓето не веруваат во што Џорџина дошла во црква: Шамија на главата и кратко здолниште не одат

Вереницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, го посетила португалскиот храм Фатима каде им се придружила на аџиите, но на многумина не им се допаднал фустанот што таа го избрала за оваа пригода.
Имено, 28-годишната Георгина на својот Инстаграм профил објавила неколку фотографии од црква на кои позира во тесен фустан со голем шлиц на задната страна, што на некои баш и не им се допаднало и заклучиле дека објавата е сосема непримерена.

„Не мора да носите камера додека се молите и треба да имате повеќе почит кон себе и црквата и да покриете малку повеќе од вашето тело. Ви благодарам“, „Интересно“, „Не е соодветно да се прикажува позадината во црква“, „Ова не е ни блиску до религијата, шамија на коса и кратко здолниште не оди“, „И во црква таа ја става позадината во преден план“, се само дел од коментарите кои ги добила под објавата.
Да потсетиме, Роналдо и Џорџина во април оваа година добија девојче на кое и го дадоа името Бела Есмералда, а синот го загубија при породување.
Бела Есмералда е второто дете кое Џорџина му го роди на Роналдо, заедно добија уште едно девојче, Алана Мартина, додека сурогат мајката на фудбалерот го роди синот Кристијан Јуниор и близнаците Ева и Матео, кои неговата вереница ги прифати како свои.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …