(ФОТО) Љубовта на Роџер и Мирка трае 19. години: Многумина со години не ја знаеле најголемата тајна на сопругата на Федерер!

Мирка федерер (41) и оваа година на Вимблдон верно го бодрела својот сопруг Роџер федерер (37), тенисерот со најмногу ас сервиси во историјата на Вимблдон.Со оригинално име Мирка Вавринец, сопругата на тениската легенда е една од најпознатите личности во Швајцарија, а до 2002. година и самата професионално се бавела со тенис.


Родената Словачка со родителите се преселила во Швајцарија кога имала само две години. Како млада девојка ја запознала Мартина Навратилова која ја поттикнала да игра тенис. Тогаш спортистка во успон, кон крајот на деведесеттите била свршена за богат Арапин, а својот сегашен сопруг го запознала во 2000. година на Олимписките игри во Сиднеј. Приказната за свршувачката, многумина, до минатата година не ја знаеле.

Кога се вљубила во Роџер, никогаш не се омажила за бившиот свршеник, бидејќи сметала дека не може да живее со човек кого не го сака. Нејзина љубов после Сиднеј станал Роџер, а свршувачката била бргу раскината. Во 2009. година пред олтар застанала со Роџер, седум години откако ја завршила тениската кариера поради повреда на стапалото.

Парот за време на бракот добил четири деца: близначките Мила и Шарлин и синовите, исто така близнаци – Лео и Лени. Со оглед на тоа дека поради деловните обврски но и натпреварите Роџер многу патува, Мирка верно го придружува и бодри на секој чекор. Сепак, тенисерот минатата година на новинарите им рекол дека внимава на тоа неговата сопруга да е секогаш задоволна па поради неа е подготвен да се откаже и од тенисот.

„Кога на Мирка ќе и здодее да патува тогаш ќе престанам да играм“, рекол Роџер тогаш.

Кога станува збор за проширување на семејството Роџер не ја негирал можноста за петто дете откако потполно ќе се повлече од тениските терени. „Ќе морам да разговарам со Мирка за тоа“, изјавил минатата година Роџер Федерер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …