(ФОТО) Лејди Гага повторно љуби – но не Бредли Купер!?

Џереми Рајнер (48) и Лајди Гага (32) наводно многу време минуваат заедно а глумецот е голем вљубеник во музика, што дополнително ги поврзува…
Откако непосредно пред годинешното доделување на Оскарите, Лејди Гага ја прекинала свршувачката со Кристијан Карин (50), јавноста собрала два и два и почнала да манипулира со голема љубов помеѓу неа и Бредли Купер (44) која од филмското платно се преселила во стварниот живот.


„Прво сакам да кажам дека социјалните мрежи се WC на интернет. Го видовте она што ние сакавме да го видите. Тоа е љубовна песна. Тоа е љубовна приказна и ние напорно работевме на неа“, демантирала Гага недолго подоцна во ток шоу на Џими кимел (51).


Сепак,како минува времето се поизгледно е дека целата работа сепак била само добра глума, но пејачката и глумица поради тоа се’ поинтензивно ја врзуваат со друг актерски колега, Џереми Рајнер (48).


„Рајнер и Лејди Гага минуваат многу време заедно, а глумецот е голем вљубеник во музиката, што дополнително ги поврзува“, раскажал извор за People.Освен со Џереми, Гага времето го минувала и со неговата шестгодишна ќерка, Ава.

Наводно, Лејди Гага сеуште не им рекла на пријателите дека таа и Џереми се пар, туку дека засега се само добри пријатели, додал изворот.

Преведе и подготви: Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …