Познато е дека за патување би требало да се облечете максимално комотно, но еден од патниците за Севастопол, Русија, премногу буквално го сфатил овој совет и решил да патува потполно гол.
Не само што се соблекол пред сите патници, туку како од мајка роден застанал во редот и
инсистирал да влезе во авионот. На московскиот аеродром „Домодедово“ морала да интервенира и полицијата и да го задржи 38. годишниот Московјанин.
Многумина до патниците веднаш ги земале мобилните телефони и почнале да ја снимаат необичната случка па може да се види како мажот на подот ја оставил својата облека и торба, и така потолно гол застанал да чека ред да ја чекира картата. Во еден момент се прекрстил.
На една од снимките се гледа како голиот патник седи на подот со лисици на рацете, окружен со полиција која се обидувала да дознае што се случило кога се обидел да претрча покрај рампата за влегување во авионот.
После расправијата со полицијата, поради што бил задржан на аеродромот, мажот легнал на подот, а потоа бил однесен во локалната амбуланта после што бил префрлен во болница.
Извор: Sputniknews
Фото:YouTube принтскрин
Подготви:Г.О.