Денес Зулу 3.4 со концертна промоција во рамки на фестивалот „Jazz Fortnight Festival 2019“

Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, формиран во март 2018 година. Членови на бендот се музички уметници во сферата на џез музиката, чија цел е преку фузија на различни стилови да создадат уникатен звук и да внесат свежина на македонската музичка сцена. И покрај тоа што се работи за релативно нов бенд, тие беа дел од повеќе настани од кои позначајни се настапите на: Синестетика, Акустичен Доручек и јубилејната 1000-та емисија на Петар Младеновски – Пецетека. Во преиодот што претстои тие ќе го промовираат својот деби албум “Fm-Am” , кој е снимен во студиото Алшар од страна на Ивица Јанкуловски. Во бендот Зулу 3.4 членуваат: Дамјан Даневски (тапани), Марио Симоновски (гитара) и Мартин Џорлев (клавијатури).

Бендот вечерва ќе направи концертна промоција на деби албумот на Zulu 3.4 – FM to AM во рамки на фестивалот „Jazz Fortnight Festival 2019“, денес 24 март во Јавна Соба.


Линк од настанот ТУКА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

На 15 мај – кога светот го слави денот на семејството, компанијата БИМИЛК организира настан …