И’ тоа е телесна активност: Знаете ли колку калории трошите додека водите љубов?

Дали некогаш ве интересирало колку калории сте потрошиле за време на сексуалниот однос?
Благодарение на студијата од 2013. година, објавена во списанието PLoS ONE, и тој податок е достапен.Научниците од Универзитетот во Монтреал побарале 21. хетреросексуални парови на возраст од 18. до 35. години да водат љубов еднаш неделно во период од четири недели. За тоа
време мажите и жените носеле апарат за следење на потрошувачката на калории.
Истражувањето резултирало со податок дека мажите во една минута во просек потрошуваат 4,2 калории, додека жените трошат по 3,1 калорија. Ако просечното траење на сексуалниот чин е 25. минути,тоа би значело дека мажите согоруваат 101. калорија, а жените 69.
За споредба, според потрошувачката на калории, најблиска физичка активност на водењето
љубов е одење за време на кое се губат околу 150. калории, додека на пример, трчањето со умерено темпо во 30. минути однесува 450. калории.


Меѓутоа, со оглед на тоа дека просечниот сексуален однос трае само шест минути, друга студија објавена во списанието New England Journal of Medicine објавила поинакви вредности, односно дека за време на односот се трошат 15. или 20. калории.
Според мислењето на стручњаци, ако со своите активности во креветот сакате да потрошите повеќе калории, важно е односот да го продолжите и да го направите повозбудлив. Исто така со воздишки дополнително ќе потрошите 18. до 30. калории,вели секесологот Џајла Кинзбах.
Во секој случај, било да станува збор за полов однос или некој вид тренинг, активноста е активност.

Подготви:Г.О.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …