(ФОТО) Критиките не ги допираат: Славни дами кои одбиле да го оперираат носот

„Ми зборуваа дека носот ми е премногу долг и дека устата ми е премногу голема. Тоа воопшто не ме повредуваше бидејќи кога верувам во нешто тоа е како војна.Тоа е битка. Никогаш не ги слушав“, рекла Софија Лорен.
Легендарната филмска дива отсекогаш сметала дека нејзиниот изглед е само единство од бројни неправилности и дека вистинската убавина на извира од нејзиниот надворешен туку внатрешен изглед.
Клои Кардшиан од детството слушала критики на сметка на својот нос, а првата ја искажала нејзината мајка, Крис Џенер: „Зборовите се најсилно оружје, можат да остават вечни лузни. Знам дека со тоа не мислеше ништо лошо“.
„Имав девет години кога ја слушнав како на своја пријателка и говори дека би требало да го оперирам носот. Бев шокирана, никогаш ниту не помислив на тоа. Го засакав своето лице, но дури и визажистите ми зборуваа дека треба да го средам.Среќна сум што тоа никогаш не го направив“.

Риалити ѕвездата признава дека е фан на пластичната хирургија, но вели дека и натаму нема намери да го оперира носот, а ако некогаш и реши да го направи тоа сигурно дека нема да крие од јавноста.Носот визуелно го смалува со техниката на контурирање, а тоа го докажуваат и нејзините фотографии на кои е јасно видливо дека неговата големина се менува во зависност од начинот на кој е нашминкана и осветлувањето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …