(ФОТО) Критиките не ги допираат: Славни дами кои одбиле да го оперираат носот

Овие славни дами многу пати слушнале критики на сметка на својот нос, некои дури и од членовите на потесното семејство, но сепак не подлегнале на притисокот и одбиле да го оперираат
Глумицата Леа Мишел имала само 13. години кога кастинг агентите и кажале дека ќе мора да го оперира носот. Потоа истото и го предлагале и нејзините менаџери.
„Само да знаете колку пати ми кажаа да го средам носот бидејќи вака не сум доволно убава. Но, им докажав дека не се во право“ рекла Леа.

Таа не била единствената која одбила операција на носот. Комичарката и глумица Џени Слејт е среќна што не подлегнала на притисокот и посегнала по услугите на пластичните хирурзи:„Мило ми е што изгледам вака и дека не го оперирав носот само затоа да се вклопам. Не сум тука за да на другите жени им говорам што да прават со своите сопствени животи и тела, тоа се противи со се’ во што верувам. Но, опасно е да се негира дека жените стареат. Се надевам дека ќе успеам да се поврзам со луѓето и ќе им покажам дека уникатната убавина е моќна“


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …