(ФОТО) Кога сака – сака: За 10 уплатени добил 10.000 евра!

Еден обложувач од Винковац, Хрватска, минатата недела со својот тикет погодил неверојатни 23. натпревари и за 70. куни или приближно 10 евра освоил неверојатни 76.204 куни, односно 10.000 евра.
„Мајсторот“ за тие пари би зел и поголема добивка доколку  изиграл „чисти“ натпреварите, но сепак неговата одлука била за играње на систем во кој практично смеел да промаши два натпревари. Изиграл комбинација со 6 фикса и систем 15 од 17.
На крајот, ги погодил сите 6 фикса и сите 17 натпревари во системот. Исто така, не се „лакомел“ со коефициентите, односно ги изиграл сите натпревари како што требало да завршат, а за некое чудо ги избегнал „мините“ од овој викенд.
Што се однесува до фиксовите, винковчанецот имал помали проблеми со Јувентус и Манчестер Јунајтед кои се мачеа против Кротоне, односно Брајтон. Како еден од потешките натпревари ќе го земеме натпреварот од Лига Европа помеѓу Атлетик Билбао и Херта. Баскијците славеа со победа од 3-2, иако во два наврати имаа негативен резултат.
Меѓутоа, најголемата драма среќникот ја имал во неделата вечерата кога чекал победа за Клуб Бриж. Гостите до последен момент имаа позитивен резултат, но само за 7 минити домаќините успеаа да го свртат резултатот во нивна корист.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неделен хороскоп за сите хороскопски знаци: Што не очекува оваа недела според хороскопскиот знак?!

Овен Работа: На почетокот на неделата ќе бидете доста активни, комуникативни, актуелни и на многу …