Забележан замрзнат дожд: Ова е почеток на поројните врнежи

Под влијание на силен циклон кој се разви над Италија уште од изминатата ноќ во западните предели имаше врнежи од дожд а започна да дува засилен јужен и југоисточен ветер. Поради топлиот воздух кој се наоѓаше на горниот дел од Атмосферата и ладниот на долниот дел од истата локално на запад е забележана и’ појава на замрзнат дожд.Ова се случува поради тоа што на горниот дел од Атмосферата водата е сеуште незамрзната но со самиот пад на долниот дел од Атмосферата истата секундарно замрзнува и на земјата паѓа во вид на замрзнат дожд со што на земјата секундарно се прави поледица која е многу опасна за сообраќајот но и за граѓаните.
Сепак ова е почеток. Како што знаете понатаму доаѓа МНОГУ ДОЖД и на многу места ќе наврнат преку 45 л/м2 воден талог а западните предели локално и’ преку 100 л/м2. До крај на денешниот ден ќе дува и ЗАСИЛЕН до СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места ќе достигнува брзина до 100 км/час.
Исто така за време на овој МОЌЕН влажен бран можна е и локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд и грмежи особено во источните предели од државава.
Важно: Во следните 24 часа па дури и повеќе обилни дождови ќе има во западните предели од државава но овие врнежи полека ќе се шират и на остатокот од нашата држава па така на многу места ќе падне ГОЛЕМА количина на воден талог и тоа некаде над 45 л/м2 додека во западните предели за време на овој влажен бран и силен циклон ќе падне и ОГРОМНО количество на вода ( локално и преку 100 л/м2).
Снег ќе паѓа само на високите планини, најавуват од meteomax.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …